• понеделник, 04 ноември 2024

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во близина на грчкиот остров Евија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во близина на грчкиот остров Евија

Атина, 19 јануари 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,6 степени беше регистриран кусо по 16 часот по локално време во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина. 

Епицентарот е на околу 80 километри од Атина, а земјотресот беше почувствуван и во повеќе делови на грчката метропола. 

Засега нема информации за повредени или предизвикана материјална штета. ср/сд/

Остани поврзан