• четврток, 28 март 2024

Земјотрес со јачина од 4,2 степени предизвика паника во Либан

Земјотрес со јачина од 4,2 степени предизвика паника во Либан

Бејрут, 8 февруари 2023 (МИА) – Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците.

Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20:58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од сириската граница.

Засега нема информации за штети или евентуални жртви.

Како што пренесе ДПА, потресот го почувствувале и жителите на главниот град Бејрут, а луѓето истрчале од своите куќи и во пристанишниот град Триполи. јт/

Остани поврзан