• петок, 05 декември 2025

Земјотрес од 6 степени ја погоди Камчатка, нема извештаи за штети

Земјотрес од 6 степени ја погоди Камчатка, нема извештаи за штети

Камчатка, 3 септември 2025 (МИА) – Земјотрес со магнитуда од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска крај брегот на полуостровот Камчатка во Далечниот Исток на Русија, соопшти локалниот огранок на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките, пренесува ТАСС.

Потресот се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 233 километри од градот Петропавловск-Камчатски.

Засега нема информации за повредени лица или материјални штети.

Полуостровот Камчатка се наоѓа во сеизмички активен регион, каде земјотреси и вулкански ерупции се чести. Кон крајот на јули, крај Камчатка беше регистриран земјотрес со магнитуда 8,7, најсилниот на Земјата од 2011 година, кој предизвика бранови цунами во Тихиот Океан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан