• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес од четири степени според Рихтер го погоди Исланд

Земјотрес од четири степени според Рихтер го погоди Исланд

Рејкјавик, 15 април 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Исланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 73 километри северозападно од главниот град Рејкјавик, на длабочина од 14 километри.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или повредени, ниту за материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан