• вторник, 07 јануари 2025

Земјотрес од три степени попладнево почувствуван во Скопје

Земјотрес од три степени попладнево почувствуван во Скопје

Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) - Земјотрес попладнево е почувствуван во Скопје и северозападните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Земјотресот е регистриран во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. 

Епицентарот на земјотресот е на 25 километри северозападно од Скопје. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан