Земјотрес од три степени во околината на Штип
- Земјотрес со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во 2:41 часот на 72 километри источно од Скопје.

Скопје, 29 март 2023 (МИА) - Земјотрес со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во 2:41 часот на 72 километри источно од Скопје.
Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе-Штип и е почувствуван од населението во Штип и околината. вг/сп/