Земјотрес на Филипини
- Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините во 9:34 часот по средноевропско време.

Манила, 19 ноември 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Филипините во 9:34 часот по средноевропско време.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во Филипинското Море во регионот Минданао на длабочина од 86 километри.
Освен на Филипините, земјотресот се почувствувал и во Јапонија, Кина и во Тајван.
Засега нема информации за материјална штета. јт/