• четврток, 26 март 2026

Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

Берн, 25 мај 2025 (МИА) - Телата на пет скијачи се пронајдени во близина на скијачкиот центар Цермат во Швајцарија, соопшти полицијата во швајцарскиот кантон Вале.

Телата се пронајдени на глечерот Адлер и моментално се идентификуваат.

Полицијата била алармирана од двајца туристи кои забележале напуштени скии на надморска височина од 4.000 метри. Полицијата почнала да го надлетува регионот со хеликоптер, по што ги забележала петте тела.

Сè уште не е објавено под какви околности починале, ниту пак националноста, полот и возраста на жртвите.

Властите отворија истрага за несреќата. Се испитуваат временските услови и активноста на лавините во регионот.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан