• среда, 18 декември 2024

Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година

Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година

Брисел, 5 декември 2024 (МИА) - Земјите-членки на Европската Унија минатата година увезле играчки во вредност од 6,5 милијарди евра, објави „Еуростат“.

Во пресрет на божиќните празници, статистичкиот завод на ЕУ сподели податоци за увозот на играчки од 27-те членки во 2023 година.

Минатата година увозот на играчки во ЕУ е намален за две милијарди евра во споредба со годината претходно. Кина останува главниот снабдувач, со 5,2 милијарди евра вредност на играчки увезени во ЕУ, што претставува 80 отсто од вкупниот увоз.

По Кина следат Виетнам со 367 милиони евра и Велика Британија со 150 милиони евра. Најголем увозник е Германија со 18 проценти, потоа Франција со 16 проценти и Холандија со 14 проценти.

Покрај увозот, земјите од ЕУ минатата година извезле играчки во вредност од 2,3 милијарди евра. Чешка предводи со 29 отсто од извозот, а по неа следуваат Германија со 19 проценти, и Белгија со осум проценти. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан