• недела, 22 декември 2024

Земјите-членки на ЕУ сакаат повеќе да се фокусираат на менталното здравје

Земјите-членки на ЕУ сакаат повеќе да се фокусираат на менталното здравје

Брисел, 30 ноември 2023 (МИА) – Земјите членки на ЕУ сакаат да водат поголема грижа за менталното здравје на своите граѓани. Земјите се согласија да обезбедат пристап до навремена, ефективна и безбедна грижа за менталното здравје, се вели во соопштението објавено денеска на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Брисел.

- Ова е силен сигнал во корист на заедничко дејствување по ова важно прашање, изјави дипломат на ЕУ за ДПА.

Податоците на ЕУ покажуваат дека речиси секој втор Европеец имал емоционален или психосоцијален проблем минатата година.

Кризите како што се пандемијата на коронавирус, руската агресија врз Украина, климатските промени и порастот на цените на храната и енергијата дополнително ја влошија ситуацијата, особено кај децата и младите.

Во Германија, на пример, засегнатите понекогаш чекаат многу долго за помош за ментални здравствени проблеми.

Пред една година, Сојузната комора на психотерапевти, повикувајќи се на податоци од Националната асоцијација на лекари за законско здравствено осигурување од 2019 година, објави дека просечното време на чекање од првата консултација до почетокот на терапијата е 142,4 дена. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан