• понеделник, 23 декември 2024

Земјата денеска може да биде погодена од геомагнетна бура

Земјата денеска може да биде погодена од геомагнетна бура

Вашингтон, 1 декември 2023 (МИА) - Американската национална управа за океани и атмосфера (NOAA) објави дека во текот на денот планетата Земја би можела да биде погодена од геомагнетна бура со голема јачина, што е резултат на ерупција на огромно количество соларен материјал на површината на Сонцето, пренесе американската телевизија Си-Ен-Би-Си (CNBC).

Американската вселенска агенција (НАСА) се приклучи кон ваквите проценки што наведуваат дека сончевата бура наречена „Канибал“ е многу моќна и може да предизвика прекин на радио комуникациите како и необични појави на поларната светлина на земјата, јави телевизијата „Н1“ (N1.)

Експертите на НАСА тврдат дека овој феномен на зрачење енергија поради експлозија на Сонцето ќе трае околу 15 часа. сд/

фото:НАСА

Остани поврзан