• петок, 21 февруари 2025

Зеленски ќе се сретне со американскиот специјален пратеник за Украина, Келог

Зеленски ќе се сретне со американскиот специјален пратеник за Украина, Келог

Киев, 20 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ќе го прими американскиот специјален пратеник Кит Келог.

Средбата ќе уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека „Русите зазеле голема територија, па ги држат картите“.

Зеленски изјави дека се надева на конструктивна работа со Келог.

- Нашата иднина не е со Путин туку со мирот. А изборот на сите, дури и на најмоќните, е да бидеме со Путин или да бидеме со мирот, наведе Зеленски пред средбата со Келог.

Тој додаде дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и конструктивниот пристап во односите со САД.

- Затоа што на Америка и треба успех исто како и нас, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќање.

Келог по пристигнувањето вчера во Киев, наведе дека ја разбира потребата на Украина од безбедносни гаранции. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан