• сабота, 11 мај 2024

Зеленски: Слаб одговор на Путин на бунтот, тој ја губи контролата врз сопствениот народ

Зеленски: Слаб одговор на Путин на бунтот, тој ја губи контролата врз сопствениот народ

Киев, 3 јули 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на Владимир Путин на вооружениот бунт на „Вагнер“ бил слаб и оти рускиот претседател ја губи контролата над сопствениот народ.

- Сета таа вертикална моќ, која некогаш ја имаше, сега само се урива, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој наведе дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Кремљ ја мери поддршката што ја има шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, додавајќи дека половина Русија го поддржува бунтот на приватната воена група. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан