• сабота, 21 декември 2024

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле „создава можност“ за завршување на војната во 2025 година.

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле „создава можност“ за завршување на војната во 2025 година.

Дубровник, 9 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека ситуацијата на бојното поле „создава можност“ да се преземат чекори за ставање крај на војната во Украина најдоцна до 2025 година.

„Во октомври, ноември и декември имаме шанса да ги придвижиме работите кон мир и трајна стабилност. Ситуацијата на бојното поле создава можност да го направиме тој избор - изборот на одлучувачка акција за завршување на војната најдоцна до 2025 година“, нагласи украинскиот претседател на средбата Украина-Југоисточна Европа во Дубровник.

Украинскиот претседател исто така рече дека поканата за членство во НАТО ќе биде чекор кон мир, бидејќи Русија ќе претрпе геополитички пораз.

Геополитичката безбедност зависи од тоа дали Украина има место во НАТО. Ако има, тоа значи дека Путин ќе ја изгуби својата геополитичка моќ. Украина е независна земја која има право на самоопределување, има право да ја избере својата иднина, рече Зеленски во својот говор. зш/

Остани поврзан