• вторник, 07 мај 2024

Зеленски се сретна со претседателот на ЈАР

Зеленски се сретна со претседателот на ЈАР

Њујорк, 19 септември 2023 (МИА) – Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска се сретна со претседателот на Јужноафриканската Република (ЈАР) Сирил Рамафоса на маргините на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти кабинетот на Зеленски.

Двајцата лидери разговараа за итните прашања за соработка меѓу Украина и ЈАР во продолжение на дијалогот што почна за време на посетата на Рамафоса на Киев.

Зеленски го истакна значењето на учеството на ЈАР во работните групи за украинската формула за мир, а се зборуваше и за подготовките за следниот состанок на ниво на советници за имплементација на Формулата за мир. јт/

Фото: Сирил Рамафоса на Х

Остани поврзан