Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Рим се сретна со потпретседателот и државниот секретар на САД Џеј Ди Венс и Марко Рубио.

Рим, 18 мај 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Рим се сретна со потпретседателот и државниот секретар на САД Џеј Ди Венс и Марко Рубио.
- Разговаравме за преговорите во Истанбул, каде што Русите испратија делегација на ниско ниво од луѓе кои не одлучуваат. Повторно потврдив дека Украина е подготвена да се вклучи во вистинска дипломатија и ја нагласив важноста од целосен и безусловен прекин на огнот што е можно поскоро, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој информира дека разговарале и за потребата од санкции против Русија, билатералната трговија, одбранбената соработка, ситуацијата на бојното поле и претстојната размена на затвореници.
- Потребен е притисок врз Русија додека не се подготвени да ја запрат војната. И, се разбира, разговаравме за нашите заеднички чекори за постигнување праведен и траен мир. Благодарам на сите Американци за поддршката и лидерството во спасувањето животи, подвлече украинскиот претседател. јт/
Фото: Зеленски на Фејсбук