Зеленски: Руски дрон ја оштети структурата на реакторот во Чернобил
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги обвини руските сили дека со дрон ја оштетиле заштитната структура на оштетениот реактор во нуклеарната централа во Чернобил.
![Зеленски: Руски дрон ја оштети структурата на реакторот во Чернобил](https://mia.mk/images/20250214110726_big_730x400_85.webp )
Киев, 14 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги обвини руските сили дека со дрон ја оштетиле заштитната структура на оштетениот реактор во нуклеарната централа во Чернобил.
Тој додаде дека оштетувањето не довело до зголемување на радијацијата.
„Синоќа руски дрон опремен со високо експлозивна боева глава ја погоди структурата што го штити светот од радијација во реакторот број четири на нуклеарната централа Чернобил“, напиша Зеленски на мрежата Икс.
Тој додаде дека пожарот предизвикан од експлозијата е „изгаснат“ и дека „нивото на радијација не е зголемено“. рп/
Фото: МИА архива