• сабота, 13 декември 2025

Зеленски: Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година

Зеленски: Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година

Киев, 8 мај 2023 (МИА) - Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

- Старото зло што го донесе модерна Русија ќе биде победено на ист начин како што беше поразен нацизмот, рече Зеленски по повод победата на сојузниците над нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна.

- Како што тогаш заедно уништувавме зло, така и сега заедно уништуваме слично зло. Ова зло, иако денес е различно, има иста цел: поробување или уништување, рече Зеленски во видеото, објавено на социјалните мрежи.

Зеленски го сними говорот пред големата воена парада во Москва, на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин

Ќе победиме!, рече Зеленски пред меморијалниот комплекс на Втората светска војна во Киев. ссм/

фото: Твитер принтскрин

Остани поврзан