• четврток, 21 ноември 2024

Зеленски разговараше со Столтенберг во Њујорк за патот на Украина кон членство во НАТО

Зеленски разговараше со Столтенберг во Њујорк за патот на Украина кон членство во НАТО

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за потребата од зајакнување на украинската воздушна одбрана и за патот на Украина кон членство во Алијансата.

Зеленски на својот канал Телеграм објави дека на состанокот одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, му се заблагодарил на Столтенберг за неговата поддршка на Украина за време на неговиот мандат како генерален секретар на Алијансата, како и за напорите за обединување на светот во помагање на Киев и зајакнување на армијата на Украина, пренесоа украинските медиуми.

Украинскиот претседател изјави дека на средбата се разговарало и за фактот дека Украина треба што поскоро да добие покана за членство во НАТО, како и за важноста од навремено спроведување на сите договори од самитот на Алијансата одржан во јули во Вашингтон, т.е. земјите членки ги исполнуваат своите обврски околу доделувањето на 40 милијарди евра за следната година.

За време на самитот на НАТО во Вашингтон, кој се одржа од 9 до 11 јули, лидерите на САД, Холандија, Германија, Италија и Романија најавија префрлање во Украина на пет стратешки системи за воздушна одбрана „патриот“, како и десетици тактички системи за противвоздушна одбрана.

Зеленски присуствува на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а денеска треба да се обрати пред учесниците на сесијата. мс/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан