• среда, 25 декември 2024

Зеленски разговараше со Мусар за украинската мировна формула

Зеленски разговараше со Мусар за украинската мировна формула

Киев, 25 јануари 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска телефонски разговараше со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, за соработката меѓу двете земји во рамките на украинската мировна формула.

- Имав телефонски разговор со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар за соработка во рамките на украинската мировна формула. Благодарен сум за учеството на словенечкиот претставник на четвртиот состанок на ниво на советници во Давос, објави Зеленски на Телеграм.

Тој ја покани Словенија да биде меѓу учесниците на првиот Глобален самит за мир. јт/

Остани поврзан