• понеделник, 11 ноември 2024

Зеленски пристигна во Дубровник каде ќе учествува на самитот Украина - Југоисточна Европа

Зеленски пристигна во Дубровник каде ќе учествува на самитот Украина - Југоисточна Европа

Дубровник, 9 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Дубровник каде ќе учествува на самитот Украина - Југоисточна Европа.

Тој рече дека планира да разговара со своите соговорници за заедничкиот одговор на безбедносните предизвици и меѓународните напори за спроведување на украинската формула за мир, како и за соработката на патот кон пристапување во Европската унија и НАТО.

Ова е трет самит организиран во овој формат – првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан