• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Зеленски за рускиот напад врз Дњепар: Мораме да извршиме притисок врз убијците

Зеленски за рускиот напад врз Дњепар: Мораме да извршиме притисок врз убијците

Киев, 17 април 2025 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски, по повод денешниот руски напад врз градот Дњепар, ги повика партнерите да ја зголемат помошта за Украина и да извршат притисок врз Москва.

„Русија го користи секој ден и секоја ноќ за да убива. Треба да извршиме притисок врз убијците и да помогнеме да се стави крај на оваа војна и да гарантираме траен мир. Сакам да им се заблагодарам на сите партнери кои на овој начин ги користат своите можности. Војните се прекинуваат со сила - сила против агресорите, сила во одбрана на животот“, порача Зеленски.

Тој нагласи дека денес секој одбранбен пакет од партнерите и сите форми на поддршка од светот за украинскиот отпор „буквално значат заштита на животот“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан