• среда, 18 декември 2024

Зеленски го претстави Планот за победа на самитот на ЕУ

Зеленски го претстави Планот за победа на самитот на ЕУ

Брисел, 17 октомври 2024 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го претстави Планот за победа на самитот на Европската унија во Брисел. 

Како што пренесува Укринформ, Зеленски детално ги претставил петте точки од украинскиот мировен план за победа, кои вчера ги претстави и пред Врховната Рада. 

Планот за победа вклучува пет точки: првата е геополитичка, втората и третата се воени, четвртата е економска и петтата е безбедносна. Првите четири точки се однесуваат на времето на војната, додека последната се однесува на времето по завршувањето на војната, „за да се спречи нова инвазија“.

Зеленски ги повика и лидерите на Европската унија да и дадат на Украина 35 милијарди евра што е можно поскоро. 

-Вашата политичка одлука да доделите 35 милијарди евра за Украина како дел од резолуцијата на Г7 во врска со 50 милијарди долари замрзнати руски средства е исклучително важна и треба да се спроведе што е можно поскоро. Русија мора да плати за предизвиканата штета. Заедно мораме да ги приближиме мирот, рече Зеленски. 

Советот на ЕУ на 9 октомври се согласи да и обезбеди на Украина помош во износ од 35 милијарди евра, како и нов механизам кој ќе и помогне на Украина да отплати заеми во износ до 45 милијарди евра.сд/

фото:ЕПА

 

Остани поврзан