• недела, 21 април 2024

Зеленски ги отфрли критиките на Берлускони

Зеленски ги отфрли критиките на Берлускони

Киев, 21 февруари 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги отфрли критиките на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, велејќи дека Берлускони не морал да живее изложен на бомбардирање секој ден во темни простории без струја.

За време на заедничката прес-конференција во Киев со италијанската премиерка Џорџа Мелони, од Зеленски беше побарано да ги коментира неодамнешните изјави на Берлускони, вклучително и онаа дека не би сакал да се сретне со Зеленски бидејќи смета дека тој е виновен за војната во Украина.

Берлускони, лидер на конзервативната партија Форца Италија е стар пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

- Господинот Берлускони, ми се чини, никогаш немал своја куќа која секојдневно е изложена на проектили. Фала му на Бога, неговиот партнер од Руската Федерација не му испрати тенк на неговата куќа за да го уништи неговото најблиско семејство и роднините, рече Зеленски. јт/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан