• петок, 22 ноември 2024

Зеленски во францускиот Парламент: Европа повеќе не е континент на мирот

Зеленски во францускиот Парламент: Европа повеќе не е континент на мирот

Париз, 7 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека „Европа повеќе не е континент на мирот“ и дека рускиот претседател Владимир Путин е „заеднички непријател“ на Украина и Европа.

-Живееме во време кога Европа повеќе не е континент на мирот“, изјави украинскиот претседател пред француските парламентарци, јави Бета.

Тој додаде дека руската инвазија врз Украина „го врати нацизмот во Европа“.

Зеленски кажа дека мировниот самит закажан за 15 и 16 јуни во Швајцарија може да ја доближи Украина до „праведниот крај на војната“.

-Мировниот самит може да не донесе поблиску до праведен крај на оваа војна, рече украинскиот претседател една недела пред почетокот на меѓународната конференција.

На самитот во Швајцарија се поканети повеќе од сто земји и организации, но не и Русија, која ја започна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година. сд/

Фото:ЕПА

Остани поврзан