• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Во руски напад врз Полтава, во централна Украина, загинаа 41 лице

Зеленски: Во руски напад врз Полтава, во централна Украина, загинаа 41 лице

Киев, 3 септември 2024 (МИА) - Најмалку 41 лице загина, а 180 се ранети во рускиот напад врз Полтава, град во централна Украина, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски.

-Според моментално достапните информации, две балистички проектили ја погодија областа во близина на образовна институција и болница. Луѓето се под урнатините, рече Зеленски  на мрежата Х.

Тој изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.

-Наредив целосна и брза истрага за сите околности за тоа што се случи. Сите служби беа вклучени во спасувачката операција, додаде тој.сд/

фото:Скриншот Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан