Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Планот за победа е сега да се запре Русија и да се спречи да ја повтори својата агресија
Киев, 11 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Планот за победа е сега да се запре Русија и да се спречи да ја повтори својата агресија.
Тој, на заедничката прес-конференција со финскиот колега Александар Стуб во Киев, посочи дека „безбедносните гаранции можат да се воведат по завршување на војната, иако најверојатно нешто може да се направи и пред тоа“.
- Денес нашите безбедносни гаранции се засновани на принципите – силна украинска армија, присуство на европските колеги, американскиот „бекстоп“, санкции и реконструкција. Мојот план имаше сличен модел, но беше заснован на тоа што сега треба да се направи, без да се чека крај на војната, а потоа Русите ќе ја завршат оваа војна, наведе Зеленски. ми/
фото: ЕПА