• вторник, 14 мај 2024

Здружението на судии за Предлог законот за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка

Здружението на судии за Предлог законот за изменување на Законот за платите на судиите, по скратена постапка

Скопје, 28 февруари 2024

Управниот одбор на ЗСРСМ, на XXVII (дваесет и седмата) седница одржана на 28.02.2024 година, расправаше за најавените измени на Законот за плати на судии и Законот за плати на членовите на судски совет во скратена постапка, кои се на дневен ред на Пленарната седница на Собранието на Република Северна Македонија, закажана за ден 28.02.2023 година.

Управниот одбор на Здружение на судиите смета дека е неприфатлив ваквиот нетранспарентен начин на работа и одлучување на Собранието на РСМ, без соодветна јавна дебата и вкучување на засегнатите страни, за уште еден од низата закони кои се однесуваат на судската власт како независна и самостојна власт.

Управниот одбор на ЗСРСМ изразува загриженост за ваквиот пристап и во ова време, и ги повикува предлагачите да го повлечат Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на судиите и Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, со што ќе се овозможи поширока дебата и содветни консултации на националната и меѓународната регулатива, во која се востановени гаранции за постојаноста на платите на судиите, како легитимни и загарантирани очекувања.

Овој интервенционизам под плаштот на најдобриот општ интерес, преку таканареченото статус - кво на платите на судиите, замислен преку намалување на коефициентите како еден од основните сегменти за определување на личните примања на судиите, претставува директен атак врз судската независност и самостојност, од причина што намалувањето на коефициентот за определување на платите на судиите претставува намалување на примањата како легитимини очекувања на судиите, спротивно на веќе воспоставените правни гаранции за платата на судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ.

На место очекуваното зголемување на коефициентот договорен низ шест-годишен дијалог на ЗСРСМ и Владата на РСМ, денес сме сведоци на суспендирање на договореното, сега веќе со образложение дека е обезбедено издржливо уставно решение.

Од тие причини, уште еднаш го повикуваме предлагачот да ги повлече овие измени, со што ќе се евитираат непотребните трошоци по буџетот на државата, при евентуална реакција на судиите во соодветни судски постапки.

Несогласувајќи се со овој пристап, Здружението на судиите ќе ги употреби сите можни правни и останати средста за суспензија на овие евентуални законски измени, кои ги доведуваат во прашање загарантирани лични примања на судиите.

 

 Здружение на судиите на РСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан