• петок, 22 ноември 2024

Здружението на пензионери од Тетово ќе одвои повеќе средства за финансиска помош на членовите со ниски пензии

Здружението на пензионери од Тетово ќе одвои повеќе средства за финансиска помош на членовите со ниски пензии

Тетово, 9 март 2023 (МИА) – Здружението на пензионери од Тетово денеска ја одржа првата годишна седница на Собранието и одлучи да го зголеми износот за финансиска помош на членовите со ниски пензии до 13.500 денари.  На распологање ќе имаат 1.400.000 денари кои ќе се одвојат за помош за нивните членови со најмали месечни примања.

- На мој предлог наместо 900 илјади денари како досега, оваа година Здружението од сопствените средства ќе одвои еден милион и 400 денари, фонд кој ќе се користи за доделување на помош на пензионерите со ниски примања односно пензии до 13.500 денари. Ние имаме 22 ограници и претседателите на ограноците ќе ги информираат пензионерите за можноста за пријавување. Пензионерите ќе ја добијат помошта во пресрет на празниците Велигден и Рамазан Бајрам, со цел подостоинствено да имаат прилика да ги поминат празничните денови, информира Селвер Мемети, претседател на Здружението на пензионери Тетово.

Според податоците за февруари 2023 година Здружението брои 13.631 член.

- Преку претседателите на ограниците ќе ги информираме членовите за можноста за набавка на месечни билети за јавен автобуски превоз низ градот со поволни цени за пензионери, можност која исто така денеска ни беше претставена на Собранието, информираше Мемети.

На работатата на Собранието на Здружението учествуваат 47 члена и стручната служба, а денеска беше усвоена завршната сметка за 2022 година. Следна седница е во декември 2023. ас/цр

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан