• петок, 05 декември 2025

Здружението на Македонци по потекло од Албанија „Зошто" официјално почна со работа

Здружението на Македонци по потекло од Албанија „Зошто

Дебар, 9 ноември 2025 (МИА) - Здружението на Македонци по потекло од Албанија „ЗОШТО„ со седиште во Ресен, со усвојување на Статутот и доделување на првите членски книшки, официјално ја почна својата активност.

- Со овој чин, официјално започнува активното делување на нашето здружение „ЗОШТО“, кое има за цел да ја афирмира и зајакне улогата на Македонците по потекло од Албанија, нивната културна, јазична и национална припадност, информираше претседателот Панди Јани.

Најави дека во следниот период, Здружението ќе продолжи со организирање средби во повеќе градови низ државата, со цел афирмација, обединување и поддршка на Македонците по потекло од Албанија.

- На сите присутни членови, основачи и поддржувачи им  упатувам благодарност за нивната посветеност и визија во градењето на оваа важна организација, која ќе работи со љубов, обединување и гордост за нашето македонско потекло, посочи Јани.

Здружението беше регистрирано  на 25 септември, а негова мисија е афирмација на македонската култура и идентитет,  а името е инспирирано од книгата на еден од најпознатите писатели во Албанија со македонско потекло, Стерјо Спасе. 

- Здружението ќе биде партнер на сите организации и институции кои работат за афирмација на македонската кауза. Акцентот ќе биде ставен на младите генерации, културната размена и зачувувањето на националната меморија преку истражувања, јавни трибини и издавачка дејност, потенцира за МИА, Панди Јани. вт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан