• недела, 22 декември 2024

Здравствен дом Неготино доби дигитален рентген апарат од Јапонска амбасада

Здравствен дом Неготино доби дигитален рентген апарат од Јапонска амбасада

Неготино, 28 мај 2024 (МИА) - Здравствен дом Неготино доби дигитален рентген апарат од Јапонска амбасада, информираа попладнево од оваа неготинска здравствена установа.  

- ЈЗУ Здравствен дом ,, Неготино “ - Неготино изразува огромна благодарност до Јапонската амбасада, кои во знак на пријателство помеѓу народите на Јапонија и Северна Македонија го реализираа грант проектот, ,,Дигитален рентген апарат” за потребите на Здравствениот дом Неготино. Донираната опрема е комплетно ставена во функција за потребите на населението преку системот ,,Мој термин", соопштија од здравствената институција. 

Претходно, при крајот на март месец оваа година, почна реконструкцијата на здравствената станица во Демир Капија, што работи во рамките на установата во Неготино. Станува збор за активности во рамки на проектот за Енергетска ефикасност во јавниот сектор, финансиран преку проектна единица на Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. 

-Во овој проект, во прва фаза е реконструкцијата на демиркапискиот објект, а понатаму ќе следува и реконструкција на здравствениот пункт во неготинското село Долни Дисан, но и на самиот здравствен дом, што е во поголема квадратура, додадоа од здравствената установа, образложувајќи дека сите три објекти се во склоп на Здравствениот дом во Неготино.  

За времетраењето на градежните активности, континуирано се пружаат здравствени услуги кон пациентите. свд/дма/


Фото: Здравствен дом Неготино 

Остани поврзан