• петок, 05 декември 2025

Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат 

Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат 

Вевчани, 30 септември 2025 (МИА) - Лабораторијата при јавната здравствена установа Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат од најнова генерација. Апаратот, како што соопшти ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат пациентите.

- Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести, стои во информацијата. 

Воведувањето на овој апарат, како што е наведено, е дел од пошироката стратегија за модернизација на медицинската опрема и постојано унапредување на услугите во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани. сс/вј/

Фото: ЈЗУ Здравствен дом Вевчани

Остани поврзан