• четврток, 31 октомври 2024

Зградата на штипскиот Здравствен дом ќе биде енергетски ефикасна 

Зградата на штипскиот Здравствен дом ќе биде енергетски ефикасна 

Штип, 30 октомври 2024 (МИА) - Во тек е поставување на нова енергетска фасада на зградата на штипскиот Здравствен дом „Панче Караѓозов“, кој се наоѓа во центарот на градот. Преку писмено соопштение од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“-Штип се информира дека  проектот има за цел зголемување на енергетската ефикасност, заштита и унапредување на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на локалното население и подобрување на условите за работа на вработените во установите лоцирани во овој објект.

-Реализацијата на овој проект опфаќа монтажа на термо фасада, демонтажа на постоечки фасадни прозори изработени од алуминиум и набавка и монтажа на фасадни прозори изработена од ПВЦ профили, набавка и монтажа на влезна врата со анти паник брава од алуминиумски профили, набавка и монтажа на внатрешен портал од алуминиумски профили со две врати, со анти паник брава, поставување на хоризонтални и вертикални олуци изработени од челичен поцинкован лим, се вели во соопштението.

Во рамките на проектот ќе се заменат и светилки со ЛЕД сијалици, а стариот котел за греење ќе се замени со топловоден котел и котел на пелети.  Овој проект се реализира со средства од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии ПСЕЕП. Активностите за реализација на Проектот започнаа во месец Јуни 2024 година и истите се одвиваат согласно со предвидениот динамички план на работа. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан