• петок, 27 декември 2024

Зголем бројот на туристи, особено на странските

Зголем бројот на туристи, особено на странските

Скопје, 12 јули 2023 (МИА) - Во јули годинава во земјава се евидентирани 197 273 туристи, од кои 46.0 % се домашни, а 54.0 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742 970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските за 44.0 %.

Бројот на ноќевањата, пак, во периодот јануари – јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 %, и тоа кај домашните туристи за 0.7 %, а кај странските за 28.4 %.са/дма/

Остани поврзан