• петок, 05 декември 2025

Зголемен опфат на вакцинирани деца пред упис во градинките во Куманово

Зголемен опфат на вакцинирани деца пред упис во градинките во Куманово

Куманово, 26 јуни 2025 (МИА) - Зголемен е бројот на деца кои се вакцинираат во вакциналниот пункт во Здравствен дом Куманово поради уписите во десетте објекти на градинката „Ангел Шајче“, информираа денеска надлежните од здравствената установа. Значително е подобрен опфатот на вакцинација по епидемијата со пертусис во Куманово, но уште е низок опфатот со вакцинација на МРП вакцината.

-Во вакциналните картони најмногу недостасува МРП вакцината, но во глобала кај оние деца коишто не се вакцинираат, недостасуваат сите. Така што некои ги имаат само оние што се примени на раѓање, сега доаѓаат и без тие некои или воопшто не се појавуваат. Ние преку патронажната служба остваруваме контакт, но за жал да кажам дека наидуваме и на родители кои кажуваат дека нема да ги вакцинираат своите деца. Нема ни упис во градинка и не знам како тие планираат да ги запишат во градинка или понатаму во училиште, изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, началник на детски диспанзер Куманово.

Куманово е еден од градовите со најнизок опфат на вакцинирани деца. Сепак, подобрување има по прогласувањето на епидемиите. Оние коишто не ги вакцинирале децата, доаѓаат и бараат вакцинација за да може да го запишат детето во градинка.

- Имаме дечиња коишто прв пат доаѓаат на вакцина во петгодишна возраст. Сега ќе појде на училиште прв пат доаѓа затоа што не може да се запише и ние почнуваме да ги вакцинираме си има распоред кој се почитува, појаснува докторката.

Надлежните од кумановската градинка „Ангел Шајче“ информираат дека ретки се барањата за упис во градинка без примени вакцини.

- 80 проценти доаѓаат и ги почитуваат правилата за вакцинација доколку имаме децата што не се вакцинирани ги упатуваме кај докторка да си дадат насоки за понатаму. Тоа се ретки случаи да немаат вакцинален картон најчесто се деца со здравствени проблеми-посочи Наташа Ќосовиќ Томовска, директор градинка „Ангел Шајче“ Куманово.

Уписот е во тек досега се примени над 230 деца, капацитетот е 1.500 деца. ам/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан