• петок, 20 септември 2024

Зголемен интерес за продажба на тезги на ,,Неготински панаѓур", тридневната манифестација почнува утре

Зголемен интерес за продажба на тезги на ,,Неготински панаѓур

Неготино, 20 септември 2024 (МИА) - Зголемен е интересот за продажба на тезги на ,,Неготински панаѓур", потврди денеска за МИА, Методи Митрев, портпарол во Општина Неготино,  тридневната манифестација започнува утре.

Митрев потсети дека станува збор за многу стара традиционална стопанско - туристичка манифестација, вообичаено посетувана од голем број на посетители од земјава и странство. 

- Поголем дел од продажните времени тезги за најразлични производи се веќе распродадени. Нивната продажба трае се уште, а вообичаено праксата од минатото покажува дека интерес за тоа има дури и на самиот старт на панаѓурот, појасни Митрев. 

И годинава имало интерес за продажба на облека, обувки, предмети за во домаќинство, разни алати и слично. свд/дма/


Фото : МИА архива 

Остани поврзан