• понеделник, 15 јули 2024

Зголемен бројот џиновски панди во Кина и ширум светот до лани

Зголемен бројот џиновски панди во Кина и ширум светот до лани

Пекинг, 13 јyни 2024 (МИА) - Бројот на џиновски панди во дивината во Кина се зголемил до 2023 година на речиси 1.900, додека бројот на панди во кафези и во земјата и ширум светот до лани пораснал на 728 единки, објави кинеската Национална управа за шумарство.

Покрај дивата популација, подобрена е и состојбата со генетската разновидност на џиновските панди во кафез. Така, сегашниот број џиновски панди зад решетки може да одржува 90 отсто од генетската разновидност до 200 години. Тоа значи дека тие се здрава, динамична и одржлива група, појасни Управата.

Кина има воспоставено програми за зачувување на џиновските панди со 18 институции од 17 други земји. Инаку, Официјално, вон Кина денес живеат 50 џиновски панди.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан