• петок, 27 декември 2024

Зголемени потреби од крв, вонредна крводарителска акција во вторник во Кавадарци

Зголемени потреби од крв, вонредна крводарителска акција во вторник во Кавадарци

Кавадарци, 24 мај 2024 (МИА) - Зголемени се потребите од крв во кавадаречко и државата, вонредна крводарителска акција за во вторник во Кавадарци, најавија попладнево од кавадаречкиот Црвен крст. 

Оттаму појаснија дека поради зголемени потреби на крв од сите крвни групи во овој период,  за операции и лекување на пациенти како во општата болница Кавадарци, така и за потребите на државно ниво, освен редовните термини за дарување крв во службата за трансфузиологија во болницата Кавадарци, секој работен понеделник и четврток во времето од 8.30 до 13 часот, Црвениот крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ),  организира уште две крводарителски акции. 

- Едната е вонредна и ќе се реализира во вторник во службата на трансфузиологија во Општа болница Кавадарци, во времето од 8.30 до 13 часот, според капацитетот на просторот се очекуваат 25-30 дарувања крв. Втората крводарителска акција е редовна и ќе се одржи во четврток, во големата сала на Општина Кавадарци во времето од 9-15 часот, се очекуваат поголем број на дарувања на крв, појасни претседателот на Црвен крст, Димитар Каракулев. 

Оттаму ги повикаа сите дарители на крв кои се чувствуваат  здраво и се во можност да даруваат крв, да го направат тоа на една од овие крводарителски акции, или во редовните термини, понеделник и четврток, во службата за трансфузиологија Кавадарци. свд/нд/

Фото : Црвен крст Кавадарци 

 
 

 

Остани поврзан