• вторник, 16 јули 2024

Зголемени инвестициите за детски игралишта и урбана опрема во Кавадарци

Зголемени инвестициите за детски игралишта и урбана опрема во Кавадарци
Кавадарци, 7 април 2021 (МИА) - Неколку пати се зголемени инвестициите во делот на детски игралишта и урбана опрема во општината Кавадарци, а тоа значи подобрување на состојбата во оваа област. Ова го истакна денеска на прес - конференција Драган Симоновиќ, раководител на Сектор за урбанизам, комунално уредување, сообраќај и заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа. Тој нагласи дека и понатаму се инвестира, како во постоечките, така и во изградба на нови игралишта. - Сѐ со цел подобрување на условите за децата, како важен сегмент во општеството, за нивен правилен развој, додаде Симоновиќ. Советникот за урбанизам, Дијана Недева, се осврна на досега реализираните проекти, за оние кои допрва ќе следуваат, како и на финансиските средства кои се издвоени од општинската каса за оваа намена. свд/ар/

Остани поврзан