• петок, 05 декември 2025

Зголемени за 21,3 отсто приходите од туризмот на Кипар во првата половина од годинава

Зголемени за 21,3 отсто приходите од туризмот на Кипар во првата половина од годинава

Никозија, 3 септември 2025 (МИА) – Приходите од туризмот на Кипар во периодот јануари – јуни годинава се зголемиле за 21,3 отсто споредбено со истиот период лани и изнесуваат 1,38 милијарди евра, согласно податоците од кипарската служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина.

Врз основа на податоците за јуни 2025, приходите од туризмот достигнале до 422,3 милиони евра, што претставува зголемување од 9,6  проценти во споредба со истиот месец претходната година (385,2 милиони евра).

Просечната потрошувачка по турист во јуни годинава изнесува 847,01 евра, за 0,6 отсто повеќе споредбено со јуни минатата година кога била 798,77 евра.

Најбројни туристи биле Британците, кои претставуваат 36,4 отсто од вкупниот број туристи во месец јуни и трошеле во просек по 103,92 евра дневно.

На второ место се полските туристи со 90,91 евра, а туристите од Израел се трета по големина група и трошеле по 149,44 евра дневно. ср/ми/

Остани поврзан