„Звукот на идната генерација“ - концерт на студентите на ФМУ
- „Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхаромнијата, на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност.

Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) -„Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхаромнијата, на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност.
На програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска.
Концертот ќе го води Борјан Цанев, кој од 1999 е постојан диригент на Филхармонијата. На чело на овој оркестар постигнал забележителни резултати во земјава и во странство, меѓу кои е и првото гостување на оркестарот во САД во 2015 година, вклучувајќи два концерта во Њујорк - во „Карнеги хол“ и во Музичкиот центар „Кауфман“. Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност од 2002 година. хс/мд/