Зборовите на Ѓорѓија Пулевски - еден од највеликите бранители на македонштината, во проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“
- о македонската историска меморија Ѓорѓија Пулевски останува вечно запаметен како еден од највеликите дејци кои оставиле неизбришлива трага во развојот на македонската културна мисла, но и како еден од најголемите бранители на македонските интереси во втората половина на 19 век.
Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Во македонската историска меморија Ѓорѓија Пулевски останува вечно запаметен како еден од највеликите дејци кои оставиле неизбришлива трага во развојот на македонската културна мисла, но и како еден од најголемите бранители на македонските интереси во втората половина на 19 век.
Во минатото, односно во периодот 1945-1991 година, одредени аспекти на дејноста на Пулевски беа запоставени од страна на македонската наука. Пулевски активно учествува во ослободителните борби на Македонците, а во Македонското (Кресненско) востание од 1878 година како војвода предводи востаничка чета.
Меѓутоа, се посочува во текстот, неговата културна и национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар, можеби е позначајна од неговата политичка и револуционерна дејност. Во овој контекст се и неговите дела: „Речник на три јазика“ објавен во 1875 година, „Самовила Македонска“ напишана во 1878 година, „Македонска песнарка“ објавена во 1879 година, „Слогница речовска“ издадена во 1880 година, како и „Славјанско-маќедонска општа историја“ објавена во 1892 година.
Македонска научна мисла го препозна и ценеше неговото значење. Во овој контекст е и искажувањето на Гане Тодоровски дека доколку сакаме целосно да го разбереме и протолкуваме ликот и делото на Крсте Петков Мисирков, тогаш ќе мора да укажеме и на неговите претходници во Македонија. Според Тодоровски: „Меѓу нив секако би дошле Ѓорѓи Пулевски, Исаија Мажовски, Марко Мушевич и Темко Попов, во прв ред, како и Спиро Гулапчев, Евтим Спространов, Коста Шахов и Марко Цепенков на еден поширок и индиректен план. Делувањата на овие македонски дејци во добра мера го објаснуваат појавувањето на Мисирков и ја осветлуваат генезата на неговите идеи“, се наведува Пулевски. вг/
Фото:Архивска фотографија