• петок, 22 ноември 2024

За 167 отсто зголемен бранот мигранти во Грција во првите два месеци од годинава споредбено со лани

За 167 отсто зголемен бранот мигранти во Грција во првите два месеци од годинава споредбено со лани

Атина, 28 март 2023 (МИА) – Мигрантските бранови во Грција во првите два месеци од годинава се зголемиле за 167 отсто, споредбено со истиот период лани, додека пак минатиот месец, пристигнувањата се за 49 отсто намалени во споредба со јануари, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција.

Според месечниот извештај, во јануари и февруари годинава пристигнале 2.505 бегалци и мигранти, наспроти 939 во истиот период во 2022 година.

Вкупниот број на бегалци и мигранти во земјата во февруари изнесува 13.798 од 29.071 истиот месец лани и 14.766 во јануари 2023 година.

Во однос на бегалците од Украина, биле доставени 23.661 електронски барања за привремена заштита и издадени 22.279 дозволи.

Согласно официјалните податоци од надлежното Министерство, во Грција, легално престојуваат 748.709 странски државјани, од кои 30 отсто се граѓани од ЕУ, 62 проценти се од трети земји со валидна дозвола за престој, а осум отсто се лица кои имаат право на меѓународна заштита. ср/сд/

Остани поврзан