Кимберли Флечер, авторка, колумнистка и основач на организацијата „Мајките за Америка“ една од главните говорнички на Конференцијата „Јас сум жена“
- Кимберли е авторка на повеќе книги, меѓу кои и „WOMEN: America’s Last Best Hope“, и чест гостин на национални медиуми како Fox News, The Blaze и Breitbart. Со повеќе од 17 години искуство во граѓанскиот активизам, таа учествувала во две претседателски кампањи и е препознаена од актуелниот претседател како клучна фигура за неговиот успех.
Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Кимберли Флечер – авторка, колумнистка, претседателка и основач на организацијата Moms for America® ќе учествува и ќе биде една од главните говорнички на 4-та Глобална женска лидеска конференција „Јас сум жена“, што ќе се одржи на 28 септември во Скопје.
Флечер, која е опишана од медиумите како „мајка која безрезервно ја сака Америка“, е сопруга на пензиониран офицер од Воздухопловните сили и мајка на осум деца.
Кимберли е авторка на повеќе книги, меѓу кои и „WOMEN: America’s Last Best Hope“, и чест гостин на национални медиуми како Fox News, The Blaze и Breitbart. Со повеќе од 17 години искуство во граѓанскиот активизам, таа учествувала во две претседателски кампањи и е препознаена од актуелниот претседател како клучна фигура за неговиот успех.
Нејзиното влијание денес се шири глобално – со визија за враќање кон нормален начин на живеење во различни земји. Личната мисија на Кимберли е да ги инспирира мајките ширум светот да ја препознаат и применат својата вредност и моќ во општеството. На конференцијата „Јас сум жена“, таа ќе зборува токму за улогата на мајките како вистински двигатели на општествените промени и за тоа како со многу љубов и искрена посветеност можат да изградат подобра иднина за сите нас, посочуваат организаторите.
На Конференцијата, што ќе се одржи во Македонската филхармонија, ќе има панел дискусии посветени на жените Македонки во руралните средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетиката, Македонски во светот, Мајките за Македонија и Мајките за Америка. ев/вј/
ФОТО: Фејсбук - Јас сум жена