• понеделник, 23 декември 2024

За САД опозицискиот лидер Гонзалес е „новоизбран претседател“ на Венецуела

За САД опозицискиот лидер Гонзалес е „новоизбран претседател“ на Венецуела

Вашингтон, 20 ноември 2024 (МИА) – САД го признаа венецуелскиот опозициски лидер Едмундо Гонзалес за новоизбран претседател, по изборите во јули кога претседателот Николас Мадуро беше прогласен за победник и покрај наводите за голема изборна измама.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Х напиша дека венецуелскиот народ во јули „кажа гласно“ и го направи Гонзалес новоизбран претседател.

- Демократијата бара почитување на волјата на гласачите, напиша Блинкен.

Веднаш по изборите, САД и неколку земји од Латинска Америка соопштија дека го признаваат Гонзалес за победник на изборите, а Европската унија, исто така, го доведе во прашање официјалниот резултат.

Гонзалес отпатува во Шпанија во септември и побара политички азил. Претходно, во Венецуела беше издаден налог за негово апсење под обвинение за саботажа, заговор и узурпација на функции.

По изборите на 28 јули, лојалистичката изборна власт за победник го прогласи Мадуро, кој е на власт 11 години, но не објави детални резултати.

Мадуро треба да го почне својот трет шестгодишен мандат во јануари. јт/

Остани поврзан