• понеделник, 25 ноември 2024

За претседателските избори во Струга пријавени 158 болни и изнемоштени лица за гласање

За претседателските избори во Струга пријавени 158 болни и изнемоштени лица за гласање

Струга, 22 април 2024 (МИА) - Вкупно 158 болни и изнемоштени лица се пријавиле да гласаат во домашни услови во Струга и струшко за претстојните претседателски избори закажани за 24 април, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

На територијата на општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60 778 гласачи, кои ќе гласаат на 101 избирачко место.

Според Жута, завршиле обуките на Општинската комисија и избирачките одбори, а во меѓувреме спроведуваат и тестирање на работата на уредот на биометриско читање на податоци од страна на претседателите и заменик претседателите на изборните комисии.

-На територијата на општина Струга ќе се гласа на 101 изборачко место и сите избирачки места остануваат на старите локации, односно нема промени, појасни Жута. сс/дма/

 

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан