• среда, 09 октомври 2024

Шестмина повредени во напад со нож во Израел

Шестмина повредени во напад со нож во Израел

Ерусалим, 9 октомври 2024 (МИА) - Најмалку шест лица се повредени денеска во напад со нож во израелскиот град Хадера. Двајца од повредените се во тешка состојба, објавија странските агенции, повикувајќи се на израелските власти.

„Терористот е неутрализиран“, се наведува во соопштението на полицијата.

Други детали не се соопштуваат.

Здравствените власти јавија за шестмина повредени, од кои двајца се во тешка состојба.

Како што наведуваат агенциите, израелските власти се внимателни на безбедносните ризици по нападот на палестинското движење Хамас пред една година што ја предизвика војната во Газа, а конфликтот со Хезболах во Либан продолжува да ескалира. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан