• недела, 22 декември 2024

За прв пат од 2014 година во натпревар од Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол

За прв пат од 2014 година во натпревар од Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол

Сан Себастијан, 11 ноември 2024 (МИА) - Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1:0 во натпревар од 13. коло на Шпанското фудбалско првенство.

Избраниците на тренерот Ханс Дитер Флик упатија 11 удари, од кои ниту еден не во рамките на голот на баскискиот клуб.

Според шпанските медиуми, за прв пат од септември 2014 година, Каталонците не шутнаа кон противничкиот гол на меч од Ла Лига. Тогаш Барселона одигра нерешено со Малага (0:0).

И покрај поразот, Барселона е лидер на табелата во Ла Лига со 33 бода, пред реал Мадрид кој има 27 и натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан