• недела, 28 април 2024

За прв пат во историјата на НБА, три екипи атакуваат на првото место во Конференцијата пред последното коло во регуларниот дел од сезоната

За прв пат во историјата на НБА, три екипи атакуваат на првото место во Конференцијата пред последното коло во регуларниот дел од сезоната

Сан Антонио, 13 април 2024 (МИА) - Во Западната конференција на НБА-лигата се создаде досега невидена ситуација. 

Оклахома, Минесота и Денвер по 81 натпревар имаат ист биланс – 56 победи и 25 порази.

За прв пат во историјата на НБА, три екипи се во конкуренција за лидерската позиција во конференцијата на еден натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Оклахома ќе го затвори регуларниот дел од сезоната со средба со Далас, Минесота ќе игра со Феникс, а Денвер со Мемфис. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан