• недела, 22 декември 2024

Златко Перински - министер за локална самоуправа

Златко Перински - министер за локална самоуправа

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) -  Златко Перински е роден на 14.01.1983, Скопје, Македонија. Дипломирал на Факултетот за физичка култура-УКИМ, каде се стекнал со звање дипломиран професор/тренер, а со магистратура по менаџмент на човечки ресурси се стекнал на Институтот за политичко-правни истражувања-УКИМ/Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.

Од компјутерски вештини познава Macintosh, MS Windows и MC Оffice. Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично.  

Во периодот од  2009-2012 година тој е основач и управител на Д.Т.У. Био Стем д.о.о.Скопје со дејност претставништво на Грчка банка за матични клетки за Македонија, додека од 2012-2014 година работи и е основач на институцијата: Bio Save d.o.o. Beograd, која е претставништво на Германска банка за матични клетки за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Романија и Хрватска.

Перински од 2014 до 2017 година е управител на С.Ц.Борис Трајковски Дооел Скопје, а  од 2021-2022 година бил генерален директор на ЈП. „Водовод и канализација“ Скопје. са/дма/


фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан